РК Бисинов натпреварите од Супер лигата ги започнува во Струга

Петар Печков

Ракометната федерација на Македонија ја изврши ждрепката за новата сезона во Супер лигата.
Натпреварите  треба да стартуваат викендот на 7/8 септември.

Во првото коло велешки РК Бисинов, новиот член на ова друштво  игра во Струга, со истоимената екипа, во второто коло велешани повторно гостуваат, и тоа на РК Вардар а во третото коло го пречекуваат шампионот РК Пелистер Еурофарм.

Супер лига, 2024/25, прво коло:
РК Алкалоид – РК Вардар
РК Радовиш – РК Охрид
РК Бутел Скопје – РК Куманово
РК Прилеп – РК Пролет
РК Тиквеш – РК Еурофарм Пелистер
РК Струга – РК Бисинов

Во новата ракометна сезона 2024/25 МРК Борец ако се натпреварува во Првата лига, ќе настапува во група „А“.

Во неа се девет екипи. Тоа се РК Кччево, РК Астраион – Струмица, РК Јехона, РК Аеродром, РК Еурофарм 2, ГРК Овче Поле, РК Мултиесенс, РК Металург РА.

Согласно ждрепката во првото коло МРК Борец гостува на довчерашниот суперлигаш РК Еурофарм 2 во Битола.  

Според планот, прволигашката конкуренција треба да стартува викендот на 14/15 септември.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати