РК Бисинов незапирлив кон Супер лигата, 12 победа во 12 кола

Петар Печков

РК Бисинов незапирлив кон Супер лигата. Во разигрувањето за пласман во најквалитетното друштво, помладиот велешки лигаш забележа 12 победа во 12 кола, овој пат во Скопје против РК Металруг РА со 36:34 (24:20), кој е четвртопласиран. Во финишот од натпреварот 58`  средбата беше со  израмнет резултат 34:34 а во последните две минути ракометарите на РК Биснов со два гола го решија прашањето на победникот. Во следното коло играат со РК Младост кој е трето пласиран.

РК Борец пак во серија порази, во Кичево го забележаа 10 во разигрувањето за опстанок. Загубија од РК Кичево со 32:46 (11:21).Постариот по години ракометен лигаш е последен 7  без ниту еден бод. Во следното коло играат дома со РК Преспа која е претпоследна со 13 бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати