Петар Печков
Објавено: вторник, 17 јуни 2025
ОВР Кавадарци, до ОЈО Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Н.(37 год) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик. На 04.06.2025 околу 23.10 часот, пријавениот влегол во тобако во Кавадарци и со закана со пиштол кон вработената одзел пари од дневниот промет.
На 16.06.2025 во 19.25 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.А.(26 год) од Радовиш и М.Р.(22 год) од Велес. Тие со употреба на сила влегле во домот на М.З.(66 год) од Велес и се обиделе да одземат предмети, но биле спречени од полициски службеници.
На 17.06.2025 во 02.30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Росоман затоа што физички нападнал такси возач кој го превезувал, по што со закана со метален предмет му одземал пари. Малолетникот бил приведен во полициска станица, парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.