Петар Печков
Објавено: петок, 11 јули 2025
Ракометот е замрен спорт во Велес. Најпопуларниот спорт во земјава, следната сезона нема да има претставник од градот, во натпреварувачкиот дел на Раакометната федерација. Меѓу 14 екипи кои се пријавиле да играат во сезоната 2025/26 ги нема РК Фруитленд и РК Борец.
РК Фрултенд откако пролетва направи грешка со намера или не тие знаат, да отпатува на Куп натпревар со помал број играчи од потребниот, по што беше казнет со исклучување од Супер лигата и префрлање во Прва лига, не пријавил екипа. Не пријавил и постариот лигаш, клуб кој беше првак на Македонија 1995 и освојувач на Купот 1994, бидејќи немаат спонзор и средства за натпреврување.