Распишан конкурсот за доделување стипендии за талентирани студенти и ученици

Петар Печков

Општина Велес го распиша конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната  2019/2020 година.  Се доделуваат  10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование, стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува  за девет месеци во годината. Исто така се доделуваат 10 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование, стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува девет месеци во годината.

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, да се жители на Општина Велес, ученици од средно образование да се  со континуиран одличен успех, а студенти со  просечен успех од 9.00 и над 9.00. Рокот за поднесување на документите е до 3-ти декември  годинава.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

  • да
  • како каде
  • не
Резултати