Петар Печков
Објавено: среда, 08 април 2026
Министерството за образование го објави конкурсот за упис во државните средни училишта. Во прва година во четирите средни училишта во Велес, за учебната 2026/27 има слободни 735 места за ученици во прва година, исто колку и лани. Годинава деветто одделение во основните училишта во Велешко завшруваат 426 ученици. Кон средните училишта во Велес графитираат и деветто одделенците од Лозово, Градско и Чашка.
Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки. Од нив 102 ученика во три паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во една паралелки со настава на албански јазик и една билингвална паралека на македонско –англиски јазик со 34 ученици.
Во Економското училиште „Јове Тесличков“ во прва година ќе се запишат 127 ученици во 4 паралелки. Од нив 93 ученици во три паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански наставен јазик. За економски техничар 25 ученик, една паралелка со 4 годишно образование, техничар за е-трговија и дигитален маркетинг 34 ученици во една паралелка со четири годишно образование, продавач референт запродажни услуги со 34 ученици и три годишно образование, и економски техничар каде настава ќе посетуваат 34 ученици на албански јазик, во четири годишно образование.
Во „Коле Неделковска“ во прва година ќе се запишат 270 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик, што е една паралелка помлаку од лани и 25 ученици. Во Машинска струка има слободни 84 места во 3 паралелки. За машински техничар/ техничар за производно машинство 25 ученици, за техничар за компјутерско управување/машинско енергетски техничар мак 34 ученика, сите со четири годишно образование и за автомеханичар/конструкциски механаичар 25 ученици со три годишно образование.
Во Електротехничка струка има слободни места за 127 ученици во 4 паралелки. За електротехничар за компјутерска техника и автоматика 68 ученици, за .електротехничар за електроника и телекомуникации 34 ученика, техничар за индустриска мехатроника/електротехничар енергетичар 25 ученици сите со четири годишно обраозвание.
За сообраќајна струка има место за 34 ученици во една паралелка, за техничар за транспорт и шпедиција, со четири годишно образование. Во Угостителско - туристичка струка има слободни 25 места во 1 паралелка, за готвач/ келнер/ слаткар со три годишно образование.
Во средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ во прва година ќе се запишат 168 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Во хемиско - технолошка струка 50 ученици во две паралелки, техничар за заштита на животна средина/прехрамбен техничар со четири годишно образование 25 ученика и месопреработувач / пекар со три годишно образование со 25 ученици. Во здравствена струка - има слободни 84 места во 3 паралелки, за медицинска сестра со 34 ученици, фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo-санитарен техничар со 25 ученици, кои се со четири годишно образование и болничар негувач со 25 ученика- тригодишно образование. Лични услуги - техничар за козметичка нега и убавина има слободни 34 места во 1 паралелка, во четири годишно образование.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука.
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 12 јуни до 15 јуни. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 18 јуни 2026 година до 12 часот.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 25 јуни 2026 година до 12 часот.
Пријавување на учениците ќе се врши и на 20 август од 00:00 до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 21 август 2026 година до 19 ч.
