Расте бројот на хоспитализирани пациенти во Болница, еден починат од ковид-19

Петар Печков

Повеќе оздравени 37, отколку ново заразени 34 се регистирани во велешко, од Министерството за здравство. Со ова бројот на активни случаи е 814 лица а досега се заразени 4.712 лица. 

„Починат е еден  пациент на 67 г.возраст од Велес позитивен, лекуван четири  дена на Инфективно одделение. На кислородна поддршка се 49 пациенти. Испишан е   еден  пациент како оздравен  со еден  негативен тест“ – соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. Бројката на починати од последиците на ковид-19 во велешко  е 141 пациент. 

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 98 пациенти,  од кои 89 се потврдени позитивни, тројца  сомнителни  и шест  пациенти се  со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се  54 пациетни или е исполнето во целост, на Интерно се шест а во  Модуларната болница  се 38 пациенти додека капацитетот  е 47 кревети. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати