Регистрирани три физички напади, викендов во Велес

Петар Печков

СВР Велес информираше дека продолжениот празничен викенд во градот се случиле три  физички пресметки.

На 09.12.2019 во 19.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Петре Прличко“ во Велес Т.Р.(31) од Велес физички го нападнал лицето С.В.(34) од Битола, со привремен престој во Велес.

На 09.12.2019 околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Петре Прличко“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата В.С.(34) и Л.М.(44), двајцата од Велес, од една страна и лицата Т.М.(46) и В.М.(35), двајцата од Велес, од друга страна. 

На 07.12.2019 околу 04.00 часот во СВР Велес, М.С.(24) од Велес пријавил дека тој и А.Р.(38) од Велес во угостителски објект во Велес биле физички нападнати од Р.Р.(20) и С.Р.(22), двајцата од Велес.

За трите случаи од СВР Велес инфромираа дека по документирање на случаите против сторителите  ќе биде поднесен соодветен поднесок.       

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

  • да
  • не
Резултати