Роберт Папазов е новиот претседател на Сојузот на спортови на град Велес

Петар Печков

Роберт Папазов од ККК Бабуна од Велес е новиот претседател на Сојузот на спортови на Велес. Ова е едногласна одлука на делегатите на годишното собрание, откако на досегашниот претседател Ангел Љутков му истече четири годишниот мандат. 

Папазов на оваа функција ќе биде во следните четири години. Избран е и нов УО во кој членуваат Васко Бојчев (кошарка),  Драган Јорданов (фудбал),   Игор Мицевски  (борење),  Иле Попов (училиштен спорт), Јованче Андовски (стрелаштво), Петре Жабев (одбојка)  Раде Стефановски (кикбокс) и Сашко Ванчевски (велосипедизам).

На ова изборно собрание во Сојузот биле примени четири спортски клуба од градот а во наредниот период ќе се изврши проверка на активностите на клубовите а за тие кои не се активни се предвидува бришење  од членството. 

фото ФБ/ Игор Мицевски

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати