Петар Печков
Објавено: среда, 22 октомври 2025
Пет филма на репертоарот на Киноверзум Велес, еден премиера „Без каење„, се враќа „ДЏ Ахмет„ но и најгледаните филмови хоророт „Црн телефон 2“ и „Повикување –последен обред“.
Филмот „Без каење“ кој како светска претпремеира се прикажува од вечерва, среда во Киноверзум Велес а во светските кина од петок. Од авторката Колин Хувер, пристигнува приказна што ќе ви го скрши и стопли срцето истовремено. Без каење - филм за љубовта, ризикот и изборот што нè менува засекогаш. Филмот го прикажува напнатиот однос помеѓу младата мајка Морган Грант и нејзината ќерка-тинејџерка, Клара, кој се влошува поради трагичната смрт на сопругот на Морган, Крис, и ги принудува заедно да се соочуваат со животните предизвици.
Премиера и за младинско-детската авантура „Куќата за кукли на Габи“. Патувањето на Габи и баба Џиџи добива неочекуван пресврт кога ценетата куќичка за кукли на Габи завршува кај ексцентричната мачка Вера. Габи се впушта во авантура за повторно обединување на мачките Габи и враќање на нејзината сакана куќичка за кукли пред да биде предоцна.
Се прикажува најгледаниот филм изминатиот викенд во светот „Црн телефон 2“. Пред четири години, 13-годишниот Фин го убил својот киднапер и избегал и станал единствен преживеан од Грабнувачот. Но вистинското зло ја надминува смртта... И телефонот повторно ѕвони. Четирикратниот кандидат за Оскар, Итан Хок, се враќа на најзлокобната улога во неговата кариера во „Црна телефон2“, додека Грабнувачот бара одмазда кон Фин (Mason Thames) од гробот, заканувајќи се на помалата сестра на Фин, Гвен (Madeleine McGraw). Додека Фин, сега на 17 години, се мачи со својот живот после заронебиштвото, тврдоглавата 15 годишна Гвен почнува да прима повици во своите соништа од црниот телефон и да гледа визнемирувачки визии од три момчиња кои се прогонувани во зимски камп познат како Алпајн Лејк. Решена да ја реши мистеријата и да го прекине измачувањето за неа и нејзинот брат, Гвен го убедува Фин да го посетат кампот за време на зимска бура. Таму открива страшна поврзаност помеѓу Грабнувачот и минатото на нејзиното семејство. Заедно, таа и Фин мораат да се соочат со убиец кој станал уште помоќен во смртта и поважен за нив отколку што можат да замислат.
На репертоарот се враќа и македонскиот филм „ДЏ Ахмет“ драма со примеси на комедија. Ахмет е15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг. Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед.
Повикување 4, последни обреди“, најгледан филм во светот последниот месец. Најстрашната истрага на Воренови досега, снимен според вистински настан. Мислеа дека е завршено... сè додека не беа свикани Последните Обреди. Филмот ве нурнува длабоко во темнина, каде што претците клетви, демонски сили и незамисливи ужаси се кријат веднаш зад завесата. Истражителите на паранормални појави, Ед и Лорејн Ворен, се справуваат со уште еден последен застрашувачки случај во кој се вклучени мистериозни суштества со кои мора да се соочат.