Сабота ,,тивко минирање,, на карпите од одронот

Петар Печков

Најрано сабота е можно  ,,Гранит ,, за започне  со минирање на карпите од Цуцка а потоа да започне и расчистувањето на одронот на камења на излезот од Велес. Ќе се изведе т.н. ,,тивко минирање,, кое било најсоодветно за вакви  случаи, за да не се направат поголеми  штети.   Ова го кажа директорот на ЈП за државни  патишта Зоран Витанов.   

Не така едноставно и лесно да се изврши расчистување на така големи камени блокови. Се направи  проект што и каде треба  да се минира, за да се избегне во следен период да паѓаат нови карпи. АД ,,Гранит,, треба да минира, но пред тоа потребно е да  се обезебдат сите потребни одобренија, од надлежните.   Ова не е процес кој може да се сработи за еден  или неколку дена. Безбедноста е најважна  - изјави за ТрМр Зоран Китанов  директор на ЈП за Државни патишта.   

Дури потоа   ќе се започне со расчистување на патот, кој е  блокиран  од 13 март.   Тоа ќе го работат заеднички и ГП ,,Гранит,, и ,,Македонија пат,,.  од таму првиот човек на ова јавно претпријатие кажа зошто досега немаа никави активности на  одротто од Цуцка.

Не мислам да испраќам  работници да расчистуваат додека не  се минираат карпите и не е безбедно. Таму може  работник  да настрада,  и затоа по ниту  една цена нема да се работи додека не заврши минирањето - изајваи за ТрМр Гајур Кадриу директор на ЈП ,,Македонија  пат,,. 

Бидејќи одронот на карпите, од кои едната , најголемата е тешка 25 тона е на регионален пат Велес - Градско кој е во надлежост на државата, затоа во решавање на овој проблем се вклучени државните  јавни претпријатија за Државни патишта и,,Македонија  пат,,.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати