Сабота 13 јули трето авионско прскање против комарци во Велес

Петар Печков

Третото авионско третирање против комарци ќе се  изврши на 13 јули- сабота во периодот од 5 до 6,30 часот, информираа од Општина Велес.  Најавуваат дека  доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 14 јули (недела).

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од  Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и  Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Авионското прскање против комарци го врши компанијата „БОНИЕР“ од  Куманово. Согласно договорот помеѓу општина Велес и компанијата, прскањето се врши  со средството АУРОДИЛ СУПЕР Б, биоциден производ за уништување на летечки инсекти произведен од ЛОДИ ГРУП, Франција. Производот е одобрен од Бирото за лекови за употреба во јавен простор и не е штетен за луѓето. Полнењето на авионот и прскањето на подрачјето на општината е под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје  Велес - додаваат од локалната власт, со цел информирање на јавноста за каков препарат се користи при авио-прскањето против комарци. 

Поврзани »

Општина Велес субвенционира физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален и објавува

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2020 година Детали

Општина Велес субвенционира физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед и објавува

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

  • гледам тв
  • гледам серии на интернет
  • слушам музика
  • читам книга
  • играм игри, карти
  • разговарам на телефон
Резултати