Петар Печков
Објавено: вторник, 09 декември 2025
Според резултатите од последните Извештаи од извршените анализи за здравствена безбедност на водата за пиење од природните чешми и водоводи, Центарот за јавно здравје – Велес, дава стручно мислење дека во најголем дел од испитаните примероци, водата од природните чешми и водата од водоводи во населени места ,освен водоводот во село Црквино, не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа поради зголемен број на индикатори на фекално загадување. Поради тоа, оваа вода не може да се користи како вода за пиење.
Од селските водоводи испитани се прмиероци од три села, село Црквино водовод, одговара за употреба
Водоводот во село Кумарино не одговара, има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, редовна дезинфекција на водата.
Водоводот од село Иванковци не одговара има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, редовна дезинфекција на водата.
Примероци од водата од овие селски водоводи се земени на почетокот на ноември.
Водата во училиштето во Бузалково од копан бунар, не одговара на зконските прописи оти има зголемен број аеробни бактерии. Потебно е да се преврива за да се пие.
Водата од природната чешма на крајот од селото Бузалково не одговара, има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата во школото во село Клуковец, од бушен бунар, не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата од природна чешма Пузево трло, не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување и присуство на нитрати. Истата не може да се користи за пиење.
Водата од природна чешма Петрово трло, не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување. Истата не може да се користи за пиење. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата од природниот извор во село Кумарино не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии, присуство на ешерихија коли, поради фекално загадување има амонијак и нитрати над дозволеното. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата од чешмата сред село во Караслари не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии и присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата од природниот извор кај црквата во село Караслари, не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии и присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата од природниот извор долна чешма во село Црквино, не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии и присуство на ешерихија коли, индикатор на фекално загадување. Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Водата од чешмата сред село во Црквино не одговара за пиење, има зголемен број аеробни бактерии Потребна е асанација на објектот, водата да се преврива за да се користи за пиење.
Примероците од овие природни чешми се земени на почетокот и средината на ноември.
