Сателитите на Маск, фотографирани и над Велес, кај Вршник

Петар Печков

Сателитите „Старлинк“ на Елон Маск регистрирани и  над Велес. Јордан Бачманов испрати фотографија, направена пред Велигден, од месноста Јурија,  на која убаво се гледаат над Вршник,  овие вештачки сателити.  Еве го и објаснувањето, за овие сателити, кои предизвикаа многу дилеми и непознати кај граѓаните. 

Мистериозните светлечки траги што изминатите денови можеа да се видат и на небото над Македонија се телекомуникациските сателити „старлинк“, што речиси една година ги лансира „СпејсЕкс“, компанијата на американскиот милијардер Илон  Маск. Тие ќе овозможат планетата целосно ја да биде покриена со интернет, секој сателит е тежок 227 килограми. До 16 април, „СпејсЕкс“ лансирал 362 сателити и во план е тоа да се изведува на секои две недели, по 60 сателити -  соопштуваат стручни лица упатени во овој проект. 

Маск почна да го развива проектот „Старлинк“ во 2015 година и неговата вредност се проценува на 10 милијарди долари.

Фото: Јордан Бачманов 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

  • да
  • не
Резултати