Петар Печков
Објавено: недела, 14 септември 2025
Извлечена е ждребката за новото првенство на Општинската фудбалска лгиа Велес, сезона 2025/26 година.
Ќе настапат седум екипи, Младост, Согле, Врановци, Горски, Локомотива –Градско, Раштани и Форца нова. Иако го најавила учеството, пред ждребувањето ФК Бузалкова се откажал, поради недоволен број фудбалери, повеќето заминале странство.
Новак во ова друштва е составот на ФК Раштани.
Првенството започнува викендот 27/28 септември, треба да заврши на 9-ти ноември
Паровите во првото коло се:
ФК Младост - ФК Локомотива.
ФК Согле – ФК Раштани.
ФК Врановци – ФК Форца нова.
Екипата на ФК Горски e слободна.