Се гради зграда за социјалните случаи, која ќе прими 29 семејства

Петар Печков

 Во  Велес во тек е изградба на зграда, наменета за социјално ранливите категории. Таа се гради во близина на станбениот комплекс на Атлантис и преку пат на фабриката Киро Ќучук.  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски беше во увид на градежните работи. Таа треба да згрижи 29 семејства а рок на изградба е мај 2022 година. Инвестицијата е во висина од 42 милиони денари, средства од Министерството за транспорт и врски.     

„Со изградбата на оваа зграда, сакаме да покажеме вистинска грижа за граѓаните на кои им е најпотребен кров над главата и пристојни услови за живот. Оваа зграда е на почеток на изградбата, градежните работи одат во најдобар тек“- изјави министерот Бочварски.

Зградата треба да биде  на пет ката а ја гради „Конструктор“ од Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати