Се конзервираат ново откриените фрески во манастирот Св. Димитрија, кои потекнуваат од 13 век (фото)

Петар Печков

Една од фреските, која беше откриена изминатите години во манастирската црква  Св. Димитрија крај Велес е исчистена и реставрирана. Таа во целиот свој раскош прикажува дел од Страшниот суд.  Истата е во  нартексот  на црквата, на северниот ѕид . Еден помал  дел од неа веќе е сочуван и конзервиран, додека на останатото работат стручните лица од Националниот конзерваторски центар.

„Работиме на механичко чистење на нечистотии, изработка на ретуш и китирање, на фреските од 14 век. Тие се откриени пред некоја година, под живописот од 19-ти век, кој го раслоивме. Следи фаза на микроскопско гледање на сите тие елементи и реконструкции. Работата е спора, бара внимание  и концентрација“ - кажа Владо Муковски, конзерватор на ѕидно сликарство при НКЦ.  

Непознат автор на  ѕидот од црквата го нацртал Страшниот суд, прекрасна илустрација на верското учење кој е многу вредна и фасцинантна. Муковски вели дека оваа прекрасна композиција  потребно е да се претстави на јавноста дека е вредна и значајна, а црквата  да биде популаризирана и посетна.  

Откриен е и  ктиторот на црквата, кој во  левата рака ја  држи нејзината макета. Тој е во  раскошна одежда, каде има двоглав орел, симбол користен во  Византија а  подоцна прифатен од други народи и држави.  Може да се забележи дека се сочувани фреските на северниот и источниот ѕид од припратата, додека тие на јужниот и западниот ѕид се уништени.  

„Како и во повеќето цркви од пост византискиот период е претставен Страшниот суд.  На источниот ѕид е претставен Христос како судија, во второто негово доаѓање. Тој ги повикува сите мртви од земјата и морињата  да излезат пред судијата.  Во горната зона, Христос како судија, седнат со десната рака ги повикува одбраните и покажува да одат во рајот, додека грешните одбива од себе. Во долниот дел се архангелите“ - вели Елица Николова историчар на уметност од Народен музеј Велес.

Јавност е во очекување, кога досегашната пет годишна работа ќе може да се види јасно и исчистена од временските наслаги. Актуелните временските услови не дозволуваат други активности а токму оваа екипа е испратена години наназад да работи во ноември, кога ладното време не дозволува употреба на вода, поради можноста да настанат оштетувања. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати