Се намали опфатот со вакцинацијата во велешко на децата од предшколска возраст лани

Петар Печков

Се намали процентот на вакцинирани деца од предшколска возраст во Велешко минатата година. Најнизок е кај МРП (мали сипаници, рубеола и заушки) со 68,5 %  во 2024 опфатот бил 77,5%. 

Во таа година епидемијата на големата кашлица во 2024 година во земјава, придонесе родителите со поголем интерес да ги вакцинираат децата, лани немаше зарази, немаше интерес. 

Поради неоправданиот страв од МРП вакцината и нејавувањето за вакцинација, низок е опфатот и на другите две ревакцини против стрептокок и поливалентната вакцина, кои се аплицираат после првата година

„Опфатот со вакцинација во предучилишна возраст во 2025  бележи пад. Процентот на вакцинирани против голема кашлица, тетанус, дифтерија, детска парализа е намален од 90 на 81,4%, а против морбили, рубеола и заушки од 77,5 на 68,5%. Тоа сведочи за лоша покриеност кај децата со вакцини, пропусти во колективниот имунитет и ризик од појава на нови епидемии. Само опфатот со пневмококната вакцина и вакцината против хепатит В бележат благ пораст“ – кажа педијатар  д-р Марина Тодоровска, раководител на одделението за предучилишна превентива.  

После наполнување на првата година возраст на детето, опаѓа вакцинацијата за сите вакцини. Некои родители не дозволуваат нивното дете на таа возраст да прими МРП вакцина, имаат отпор, па доцнат и другите вакцини. До петтата година возраст, оваа вакцина родителите дозволуваат да се прими, па расте опфатот и со неа и со другите вакцини. 

Така невакцинираните се вакцинираат и  вакцинацијата кај децата од школска возраст во велешко е висока и  над 90%. Во случајот со МРП кај децата од шест годишна возраст опфатот е 97,6%. 

Поврзани »

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за доделување на наградата за најстудент „Проф.д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ за 2026 година
Детали

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување 9 Ноемвриски признанија за 2026 година

ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2026 година Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати