Се намали процентот на родилки кои се породуваат во болниците од земјава а не во велешката

Петар Печков

И натаму е висок процентот на  новороденчиња од велешко, кои се  родиле во болниците од земјава, не во велешката. Но по долги години, тој процент кој беше постојано во пораст,  опадна.

Така ланскиот број опадна на  42 отсто, во 2024 година беше  50 отсто. Најчесто бебињата се родени во болниците во Скопје 113, Штип 13 или Битола 6.   Во бројки тоа е од 317 новороденчиња од велешко, 134 не  се родиле на акушерското одделение од велешка болница. 

Процентот на жени кои се породуваат вон велешката болница е 54 отсто, додека опаѓа поради помалиот број на породување на жените од  велешките села вон акушерското одделение од ЈЗУ Општа болница Велес.

Во 2017 односот бил 20 отсто односно од вкупно 535 бебиња, на Акушерското одделение од Велешка болница биле родени 418 бебиња. Таа бројка постојано  се менуваше, односот растеше  на 25%, па  30 отсто, 40 отсто, за во 2024 година да  дојде до пола, пола а лани да опадне.

Според податокот  на  Службата за превентивна  здравствена заштита за предучилишна возраст, лани има  еден случај на  бебе  кое е родено во странство, во Мексико а родителите  на бебето  се вратиле да живеат во Велес.

Дел за ваквата состојба  е  можноста младите мајки кои користат приватно осигурување, што им овозможува породување во приватни болници. Други земаат и кредити, за трудниците да се  породат на приватни клиники. 

На Акушерското одделение од ЈЗУ Општа болница Велес, во 2025  биле родени 249 бебиња а годината претходно 280 бебиња. Но тука, во велешка болница  се  породуваат и трудници од Свети Николе, Лозово, Неготино.

„Ги охрабрувам родилките да продолжат да доаѓаат на нашето одделение, бидејќи се екипираме. Очекуваме годинава уште двајца специјалисти да дојдат. Со опрема сме одлично обезбедени, условите се многу добри. Најтопло им препорачувам на идните мајки да доаѓаат и се породат во велешка болница.  Имаме и училиште за трудници од 32 недела, каде може да присуствуваат со своите сопрузи, да го видат начинот на породувањето“ – кажа гинеколог д-р Ѓорѓиче Николов.  

Неодамна повеќе германски здруженија донираа опрема за акушерското и гинеколошко одделение вредна 150 илјади евра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати