Се сечат стари и деградирани дрвја на јавните површини

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден беа исечени дрвјата од дрворедот пред поранешниот Офицерски дом. Ова е дел од акцијата која веќе еден месец се спроведува на територијата на градот Велес,  а дел до сограѓаните реагира за сечењето токму за овие  листопади дрвја. 

Некои бараа објаснување зошто е сечењето, зошто се отстрануваат повеќе децениските дрва. На денешната прес конференција ТрМр го праша градоначалникот Коцевски за сечењето, кое што не беше само вчера туку траеше подолг период, на повеќе локации во градот. Денес се сечеа дрвја спроти Пошта.

За сечењето на дрвјата решава Комисија за проценка за состојбата на дрвјата на јавно прометни површини, која се состои од стручни лица. Та комисија, за дрвјата за кои прашавте констатирала дека се деградирани, опасни по околината и минувачите. Затоа е донесена одлуката да се исечат и на нивно место да се насадат нови, повеќе годишни садници - кажа Коцевски.  
За истите овие дрвја и нивно отстранување претходната локална власт и тогашното раководството на ЈКП Дервен велеа дека е скапо да бидат заменети, оти една нова повеќе годишна садници чини 800 евра.  Затоа дополнително градоначалникот беше прашан, дали новите садници што ќе се засадат тука , ќе чинат толку пари.
Тендерот за набавка на садници е завршен а целото одделение за заштита на животна средина беше до вчера отсутно.   Дополнително ќе решиме какви и кои садници ќе бидат засадени на посочените локации - дополни Коцевски.  
Попладнево со прес конференција реагираше и опозициската  ВМРО-ДПМНЕ .

Ние ја разбираме потребата од обновување на зеленилото и отстранување на деградираните дрва поради безбедноста на граѓаните, но не интересира каде до сега е посадено ново дрво во градот или општината под раководство на СДСМ и господинот Аце Коцевски знае само да уништува, а не знае да гради и создава нови зелени површини во градот - стои во соопштението. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати