Се чистеше од отпад населбата Рамина, исчистен еден хектар јавна површина

Петар Печков

Месноста Рамина денес беше локација каде се спроведе чистење на јавните површини  од отпад. При тоа биле собрани 5 м3 отпад а исчистена површина од еден хектар.

Во акцијата учествувале доброволци,  вработени во ЈКП Дервен, Хабитат Македонија и фондацијата Фокус од Велес. Таа е дел од едукативната кампања „За чист дом, за здрав живот – Фрлај го отпадот на означеното место!“ која се организира во општина Велес, во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“.

„Целта на оваа акција за чистење е преку практичен пример да се мотивираат жителите од овој дел од градот активно да учествуваат во одржувањето на хигиената на јавните простори, како и да се подигне свесноста за важноста за правилното одлагање и управување со отпад“- соопштија од Хабитат- Македонија.

Во рамки на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“ кој го спроведува Хабитат Македонија а  во Велес се спроведува од 2020 година, до сега се реализирани неколку активности – изработка на ДУП за областите каде што живеат маргинализирани групи граѓани, набавка на возила за собирање на смет за ЈКП Дервен низ тешко пристапните делови на Велес, се спроведува едукативната кампања за правилно отстранување отпад, а во тек е и процесот за избор на куќи кои ќе се реновираат.

Главна цел на проектот „Одржлив урбан развој на Ромските заедници“ е да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој со промоција на еднакви можности за социјална инклузија во домувањето, образованието и здравството кај Ромите и маргинализираните заедници во Шуто Оризари и Велес. Проектот е со финансиска поддршка на Европската Унија.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД ОД 15 ДО 19 АВГУСТ

Согласно Одлуката за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад на територијата на Општина Велес, ЈКП Дервен како давател на услугата, должен е еднаш годишно. да организира акција за собирање на габаритен отпад од корисниците на услугата. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минувате слободното време за освежување летово, додека сте во Велес?

  • дома под климатизер
  • на езеро Младост
  • на базените од околните хотели
  • на Градски базен
  • на Бабуна
  • на Тополка
Резултати