Петар Печков
Објавено: недела, 20 септември 2026
Триесетина вреќи со смет беа собрани во текот на вчерашната акција за чистење на пешачката патека на езеро Младост. Реализирана и спроведена беше ЕКО акција за чистење на пешачко-рекреативната зона на Езеро Младост.
Се однесува на патеката од месноста Бела вода кон Отовичкиот залив. Учествуваа акцијашите од ЗГ „Акцијаши“ – Велес, помагаа и членовиге на “Акцијаши“ – Куманово, како и дел од администрацијата на Општина Велес. Собрани биле триесетина вреќи со отпад.
„Со заедничка акција и личен пример, придонесуваме за почиста, поздрава и поубава средина за сите.“ – изјавија од локалната власт, организатор на Европската недела на мобилност.
Пред извесен период акцијашите го чистеле истиот простор, поради што вчера боле собрани помалку вреќи со отпад, оти бил претходно исчистен.
Оваа активност беше дел од содржините на на Европската недела на мобилност.
Фото Општина Велес
