Симболот на Велес „Градскиот саат “ се издигна крај Ла Манш

Петар Печков

Учениците од гимназијата „Алекси де Токвил“ од Шербур, заедно со своите професори, во училишната работилница, од метал изработија макета на симболот на Велес, велешката саат кула. 

Така велешкиот архитектонски симбол се најде крај далечниот Ла Манш, Франција. Малата макета ќе го краси паркот крај замокот Равале, истиот оној замок чиј модел во цвеќе го краси младинскиот парк во Велес. Поставувањето на саат кулата ќе ги почека пролетните денови за да се избегне евентуално оштетување на моделот. 

Како што изјави професорот и ментор Себастиен Фенује, младите од гимназијата  „Алекси де Токвил“  кои ја изработија макетата, имале голем предизвик затоа што се работи за ученици од прва и втора година од металската струка, кои немаат многу искуство во практичната работа. 

Моделот ги „освои“ претставниците на Општина Велес во Шербур, кои беа во посета ана збратимениот град,  поради фактот што  Саатот,  кој што најмногу потсетува на дома,  стана симбол на нераскинливо и долгорочно пријателство на двата града.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати