Сите на велосипед, недела на мобилност (фото)

Петар Печков

Кој милуваше денес на пладне час и половина можеше  да вози велосипед од  Стар мост до Долни дуќани и назад. Ова беше активност која локалната власт ја организираше со Министерството за животно планирање,  во рамките на   Европската недела на мобилност.  

На  овој ден 22 септември традиционално кај нас и во светот се затвора една или повеќе фреквентни сообраќајници кои се резервираат за велосипедисти, пешаци. Активностите се одвиваа на улица „Димко Најдов“ т.е. од Стар мост до манастирот Св. Димитрија. Настанот е посветен на одржливоста и мобилноста во урбаните средини   – порача Македонка Виларова претставник  на Општина Велес.

Педесетина пред се ученици од  основните и средни училишта од градот, најмногу на велосипед ја извозеа оваа делница. Таа беше затворена за сообраќај    во периодот од 12:00 до 13:30.

Ова е   петта година по ред како во Велес се одржува ваков настан со  кој се подига свеста за   користење на велосипедот или да се  пешачи.  Манифестациајта   се одржува во повеќе држави во светот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати