Петар Печков
Објавено: недела, 12 јануари 2025
РЦУК – Велес, известува дека во општина Чашка во населените места Јасеново и Богомила има врнежи со снег и истите во мометот се чистат од страна на Комуналното претпријатие. Истите се проодни за сообраќај. Општините Велес и Градско има врнежи, но сите патни правци се проодни и исто така редовно од рани утрински часови се чистат.
На територијата на општина Лозово сите патни правци се проодни и со машинерија три камиони се чистат константно, и се посолуваат.
Поради обилните врнежи на снег,кои започнаа во текот на ноќта на териториатја ан Општина Чашка, три екипи на ЈКП Тополка со три возила од раните утрински часови излегле на терен и започнале со расчистување на локалните патни правци во населените места низ општина Чашка .
Се чистат локалните патишта кон Горно и Долно Јаболчиште потоа Мелница и Горно Врановци како и со една екипа во регионот Азот кон населените места Ореше, Нежилово и Папрадиште.
„Екипите остануваат на терен се со цел да се овозможи проодност на локалните патни правци и непречено функционирање на локалното месно население“ – соопшти градоначалникот Горан Стојановски.