Петар Печков
Објавено: петок, 31 јули 2026
Велешката авторка Снежана Петрова Џамбазова ја промовираше нејзината нова книга поезија, насловена „Не ми е стр(а)в“. Тоа е нејзина четврта книга за поезија за возрасни и има издадена една за деца.
„Мотивот, инспирацијата за стиховите се од секојдневниот живот, љубовта, патриотските чувства“ – рече Петрова Џамбазова.
Таа работи во Институтот по македонски јазик таа е дипломирала на катедрата по македонски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје. Таа е автор на култната книга „Така се зборува во Велес“, труд издаден 2007 година.И ма докторирано 2016 година.
„Во овој ракопис се преплетуваат јазичните експертизи за анализи и поетското пеење и мислење на авторката, во која таа не пречекува со игра уште во насловот Не ми е стр(а)в“ – кажа промоторот проф. д-р Владимир Мартиновски,
Книгата беше промовирана во медиотеката од Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, дел од содржините на манифестацијата „Велешко лето“.
фото Локална библиотека Гоце Делчев Велес
