Собрани 30 крвни единици од вработените во градинките

Петар Печков

Успешна крводарителска акција на вработените од Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес. Годинава тие за прв пат се одлучија едно од одбележувањата на патрониот празник да им биде со крводарителска акција. Истата се одржа во Ликовниот салон, а учество зедоа вработените во институцијата, но и родители на децата кои се згрижени таму.

На крводарителската акција даруваа 30 крводарители. Од нив шестмина тоа го направија за прв пат и официјално се впишаа во оваа категорија на граѓани- кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес. Тие  акцијата ја изведоа партнерски со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во текот на месец април  најавуваат дека ќе се одржат уште три крводарителски акции.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

  • да
  • не
Резултати