Совети за учениците од „Димитрија Чуповски“ како да бидат побезбедни при користење на интернет просторот

Петар Печков

3а учениците од прва до трета година во средното училиште  „Димитрија Чуповски“,  била реализирана едукативна работилница на темите „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“, „Внимателност при користење на социјални мрежи“ и „Тикток предизвици“.

„Учениците преку полициското искуство и стручните сознанија за различните форми на булинг и насилничко однесување, имаа можност да се запознаат со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави кај учениците, но и за последиците што може да се појават во различни форми, како и за начините и методите за  навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите“ - соопштија од МВР.

Воедно, на учениците им било укажано на поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат.

„Целта на едукативните предавања беше да се споделат совети со учениците за тоа како да бидат побезбедни при користење на интернет просторот, но и да се подигне свеста за сериозно анализирање на содржините на кои наидуваат и целосно избегнување на опасните Тикток предизвици“ - дополнија од МВР.

Едукацијата е реализирана од  полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес

ДПТ РОНТИС вработува

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:  Техничар за одржување  Оператори за производство на крвни линии Детали


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати