Советот на Општина Велес оддели средства за лекување на Тони Шoпов но и за помош на семејството Басарови и Умирзат,за опожарени домови

Петар Печков

На последните седници, Советот на Општина Велес донесе три одлуки за финансиска помош на сограѓани, на кои им се потребни средства  нивни итни случаи  

Советот на Општина Велес донесе одлука со  која оддели финансиски средства за лекување на поранешниот  ракометар Тони Шопов.  Со ова одлука  на Шопов му се одобруваат средства во висина од 30.000 денари.

Од страна на Кире Басаров поднесено било  барање за еднократна парична помош за настанат пожар во стан. На Басаров од Велес му се одобрува еднократен надоместок во висина од 15 илјади денари, за помош поради пожар во сопствен стан. Станот  кој е на адреса Христо Татарчев бр. 6/2 беше оштетен во експлозија која се случи на 11-ти октомври  на бојлер на плин, а сопственикот се здоби со изгореници од 60 отсто по телото

Ахмед Умирзат од Велес му се одобруваат 15.000 денари за помош при опожарување на семејната куќа, на улица  Пожарот е случен на  26-ти јули годинава.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати