Петар Печков
Објавено: среда, 02 јули 2025
Возач на мотор се здобил со тешки телесни повреди, по судар со автомобил. Сообраќајката се случила, кај магацините на Дервен во Нова населба.
„На 01.07.2025 во 20.15 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосница од ул. „Благој Ѓорев“ со ул. „Невена Георгиева- Дуња“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Х.Т.(44 год) од Велес и мотоцикл „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од В.С.(32 год) од Велес“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општа болница Велес.
„Пациентот по извршените снимања, констатирано е дека има скрешница на надколеница и поради специфичноста на повредата е пренесен на клиниките во Скопје“ - кажа д-р Ванчо Граматов, протпарол на Општа болница Велес.