Сообраќајка кај Венуле, двајца повредени

Петар Печков

Кај подвозникот кај Венуле, на пладне околу 13,30  ч. се случи сообраќајна несреќа во која според сведоците учествувале два автомобили, а има и две лица повредено. Веста ја потврдија и од СВР Велес. Едниот автомобил бил со регистарски  таблички од Битола другиот од Скопје и возеле по стариот пат од Велес за Градско.    Први на помош дошла екипата на Итната помош.

Едниот пациент бил конфузен со повеќе посекотини по телото а вториот пациент со болки  во градите од  ударот во волан. И двајцата се згрижени, имобилизирани, едниот со вклучена терапија и транспортирани во Болница - информираше д-р Васе Пановска раководител на службата за Итна помош при Здравствен дом Велес.

На хируршка амбуланта се донесени две момчиња, со полесни повреди. Згрижени се, дадена им е неопходната здравствена нега и попладнево  се најавува дека ќе бидат пуштени на домашно лекување - кажа др. Весна Николовска Неделкова.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати