Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2026
Од викенд билтенот на СВР Велес.
На 23 октомври во 10:20 часот полициски службеници од Полициско одделение Чашка го лишиле од слобода С.Т.(20 год) од Скопје. На регионален пат Велес-Извор, кај место викано „Богомилска крстосница“, било забележано патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, кое во еден момент застанало и од него излегле две лица кои си ги замениле местата. Набргу, возилото било сопрено, a го управувал Б.Т.(49 год) од Скопје, додека претходно го управувал неговиот син С.Т.. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.Т. го управувал возилото пред да се стекне со право на управување. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, возилото било одземено.
На 23 октомври во 16:50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Ј.(62 год) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка пукал усмртил мачка, сопственост на К.М.(33 год) од Неготино. Од С.Ј. биле одземени пневматско оружје и муниција.
На 22 октомви во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 10:00 часот на магистрален пат Градско-Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(40 год) од Горно Оризари, велешко и товарно возило „мерцедес“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60 год) од село Славеј, општина Кривогаштани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р. констатирани во Општа болница Кавадарци.

