Сопственикот на Отпад Дине со храбра реакција спречил катастрофа

Петар Печков

Командирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски кажа дека пожарот започнал понеделникот  во 11,20ч кога по работни активности, за која полицијата информирала, запалена е трева и од неа крошните на блиската борова шума. Во гаснење на огнот првично биле  ангажирани 14 пожарникари, кои постапиле според сите стандарди. Тој сподели една досега непозната епизода кога во прашање бил и опстанокот на соседното Башино село.

Во еден момент кога огнот го зафати отпад Дине, сопственикот со вилјушкар влезе во запалениот објект и изнесе 12 оксигенски боци.  Со нивна експлозија ќе беше загрозено Башино село и соседната Бензинска пумпа и катастрофални последици за градот Велес.  Несреќен сум што ги изгубивме белите дробови на Велес, но среќен сум што ги спасивме населбата Дурутовец, Отовица и селото Новачани - рече Лепидовски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати