Со кампања и пораки на контејнерите за смет, ЈКП Дервен ја подига свеста кај велешани за фрлање на сметот

Петар Печков

Со кампања и пораки на контејнерите за смет, ЈКП Дервен ја подига свеста кај велешани  за фрлање на сметот во нив а не по јавните површини или околу овие комунални садови.

На контерјнерите се поставени пораки „Заедно се грижиме“, Да го оставиме градот чист“, „Сакајте си го градот“, „Јас сум местото за отад“ се некои од слоганите што се наоѓаат на садовите. Истите се поставени на повеќе видливи јавни површини од градот.

„Апелираме граѓаните да го одложуваат сметот во контејнерите, а не околу нив и во деновите кои се определени за собирање на смет од домаќинствата“- порачаа од ЈКП Дервен.

Истовремено  извршена е замена на стари и неупотребливи контејнери за комунален смет со репарирани.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати