Петар Печков
Објавено: четврток, 18 декември 2025
Одбојкарите на ГОК Борец со победа, и предвреме ја завршија сезоната во Првата лига 2025/26 година. Вчеравечер го победија последно пласираниот тим на ОК Јанта Волеј од Скопје со максимални 3:0 ( 10; 12; 11). Велешани супериорни и натпреварот завршил за помалку од еден час. За илустрација гостите досега немат освоено ниту еден бод. Се играше во спортската сала на ОУ Блаже Коневски, во договор на двете екипи, оти по распоред скопјани требаше да бидат домаќини и да се игра викендов.
Со ова завшри првиот дел од превенството на ГОК Борец. Тие ќе бидат 3-ти или 4-ти а ќе се знае по одигрувањето на сите натпреври од ова последно 10 коло. Со тоа велешани се пласираа во втората фаза од натпреварите, каде ќе играат првите шест екипи, двокружен систем -дома гости, во 10 кола. Потоа ќе се игра плеј оф на првите четири екипи, за да се добие првакот на Македонија. Оваа година тоа беше ОК Струмица. Првенството ќе продолжи во февруари.
