Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 април 2025
Ветераните од ОК Брец ја започнаа новата натпреварувачка сезона 2025 година со победа. Во првото коло на Лигата на ветерани нa Одбојкарскaта федерација на Македонија,, кое се играше во Гевгелија во спортската сала 26 Април, велешани славеа со максимални 2:0 (25,21) над составот на Скопје, кој годинава се приклучи на лигата. Со ова продолжува победничката серија на ОК Борец ветерани, кога лани во 9 натпревари не загубија ниту еден сет, така започнаа и годинава.
Во другите два натпревари Прилеп ја совлада екипата на Гевгелија со 2:0 а Тетово екипата на Струмица со идентични 2.0.Натпреварот помеѓу Шкендија и Спортист од Струмица не се одгира оти струмичани не се појавија во салата .
Следното коло се игра следниот викенд во Струмица, а одбојкарите на ОК Борец ветерани по распоред играат со Спортист од Струмица. За потсетување прв победник во оваа лига, лани беа токму велешани ОК Борец ветерани.