Со победа одбојкарите на ГОК Борец над ривалот за висок пласман, го започнаа вториот дел од првенството на Првата лига

Петар Печков

Со победа  стартуваа одбојкарите на ГОК Борец во разигрувањето за одбојкарскиот шампионат на Македонија. Тие славеа во Скопје над ОК Работнички со 1:3 (16, -20, 15, 20). Двете екипи беа на делба на третото место. Со оваа победа запишаа важна гостинска победа над  директниот ривал за подобра позиција на табелата. Велешкиот состав со победата во Скопје му се реваншира на противникот за поразот од стартот на сезоната.  Во оваа фаза од натпреварите се играат десет кола, секој со секого, дома и на гости. 

Започна и вториот дел од првенството во Втората одбојкарска лига жени. Победа и за одбојкарките на велешкиот второлигаш ОК Виола волеј во Струмица над ОК Виктори волеј со 1:3 (23, -26, 12, 12) . Во првите два сета се водела израмнета борба, за третиот и четвртиот сет велешанки бидат супериорни и победат и прокнижат два бода од гости. Со оваа победа остануваат на 9-то место но со зголемен бодовен скор, имаат 13. Во второ коло од продолжението на првенството дома играат со ОК Куманово. Одбојкарките на ОК Борец ова коло беа слободни, оти ОК Македонија макс на почетокот од првенството се откажа од натпреварите.  ГОК Борец жени следното коло дома играат со ОК Вардар.

Продолжија натпреварите од Првата кошаркарска лига. Велешки КК Борец баскет доживеа висок пораз  во Скопје, од соседот на табелата КК Бутел –КК Борец баскет 100:73 (47:38). По овој пораз се четврти од седум екипи. Во следното коло повторно гостуваат, на последниот  КК Спортисимо, во Кавадарци, екипа која нема победа.

 фото ГОК Борец

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи:
Аналитичар во микробиолошка лабораторија
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати