Петар Печков
Објавено: петок, 28 март 2025
Co третата по ред победа, футсал екипата на КМФ Кеги моби се спасува од испаѓање од Првата лига. Синоќа славеа кај фаворитот КМФ Шкупи во Липково со 4:6, иако домаќините се четвртопласирани. Останатите натпревари од ова 15 коло се играат викендот, по што ќе биде познато дали велешани ќе се искачат од 9-тото претпоследно место. Во следното коло дерби на дното играат дома, со соседот КМФ Црна река.
Познати се стартните броеви на екипите кои ќе играат за опстанок во Супер лигата., РК Фруитленд го доби бројот 6 и во првото коло играат со составот на Прилеп. Велешани имаат еден бод а прилепчани два, со толку стартуваат во разигрувањето.
Кошаркарите на КК Борец баскет во одложеното 18 коло од Втората лига, играа со составот на КК Бутел во гости и се поразени со 73:56. Со лошите резултати пролетва, велешанин паднаа на 5-то место со 28 бода и осум порази. Викендов дома играат КК Мега баскет од Прилеп, која е 9-то пласирана со 24 бода.