Спортски спектакл во Велес-Трети Спортски Игри

Петар Печков

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на Третите Спортски Игри. Спротските натпревари ќе се одигруваат на спортските терени во Градскиот парк.

Натпреварите се во пет  спортови одбојка на песок, мал фудбал, тенис, 3х3 баскет како и еспорт,  во кои учесниците ќе имаат можност да ги прикажат своите квалитети и воедно да освојат голем број награди од годинашниот награден фонд од 810 илјади денари.

Третото издание оваа година најавува дури 580 спортисти од Македонија, Шпанија, Полска, Италија, Србија,Чешка, Украина, Бугарија, Куба, Црна Гора, Албанија со што добива и меѓународен  карактер.

Покрај натпреварите кои ќе се одвиваат, организаторите ветуваат и одлична забава за сите останати учесници и посетители. Микс од храна, музичка забава, детски катчиња, фитнес предизвици и изненадувања се дел од понудата.

Сите спортски наптревари се бесплатни за гледачите. Организаторите ветуваат денови исполнети со одличен спорт и забава.

 „Целта на овој настан е симбиоза на локалното со меѓународното, пријателство и културна размена преку спортот. Нашата мисија сите овие години е да ги поврземе луѓето преку спортот како нивна заедничка страст “- изјавуваат организаторите.

„Секоја година игрите имаат визија да ги надминат своите граници и да се претворат во глобално движење низ спортски европски центри. Секогаш би сакале да останеме симбол за позитивни вредности и димензии кои ги промовираме преку настанот, а тоа се: почит, одговорност, тимска работа, здравје, размена и пријателство.“-додаваат организаторите.

Со сигурност и оваа година Велес ќе биде сведок на нови спортски постигнувања, а сплетот на забава и пријателство се само едни од причините да им се придружите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати