Српска државјанка, со тешка телесна повреда, по излетување на автомобилот од автопат, на враќање од одмор од Грција

Петар Печков


Автомобил со српски државјани, излетал од автопат, сопатничкат минала со тешка телесна повреда. Хоспитализирана е во велешка болница.
„На ден 25.06.2025 во 12 часот од страна на 112 примена е дојава за излетано возило на автопат во правец од Стоби према Велес пред патарината. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со едно  противпожарно  возило и три пожарникари спасители. По пристигнување на лице место од наша страна обезбедено е возилото“- информираа од ТППЕ Велес.

„На 25.06.2025 околу 12 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот во правец од Градско кон Велес, патничко возило „рено лагуна“ со германски национални ознаки, управувано од М.Р.(81) од Р.Србија, излетало надвор од коловозот“ – соопшти Биљана ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Д.Б.(68 год) од Р. Србија, констатирани во Општата болница Велес. 

„Во текот на вчерашниот ден околу пладне примена е повредена странска државјанка, од сообраќајка. По извшрените снимања, констатирана е скршеница на злоб од нога. Жената е хоспитализирана во велешка болница и денес е таму“ – кажа д-р Ванчо Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати