Српскиот „Прва класа, полн гас“ и американската семејна драма „Овде“ премиерно во 3Д киноверзум

Петар Печков

Седум филма се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес, во нaредните седум дена, три се премиери.

Премиера за српскиот филм „Прва класа, полн гас“. Приказна за двајца лути ривали и нивната опсесија со трките со легендарните автомобили Југо, натпреварувајќи се во националното првенство и работејќи на своите соништа за Формула 1. Но, трките не се единствениот извор на адреналин – двајцата ривали се заљубени во иста девојка.

Анимиениот „Моана 2“ е исто така премиерно пред велешани.  Откако ќе добие неочекуван повик од своите предци водачи, Моана тргнува на патување низ далечните мориња на Океанија и во опасни, одамна изгубени води, за авантура каква што никогаш досега не доживеала.

Tретата премеира е за драмата „Овде“, топла животна прикзна, оригинален  филм, за повеќе семејства и едно посебно место кое го населуваат. Приказната патува низ генерации, доловувајќи го човечкото искуство во неговата најчиста форма.


Пред велешани се и двата најгледани филма во светот изминатиот викенд, Злобница и Гладијатор 2.

Американскиот  „Злобница“, мјузикл, романса со Аријана Гранде, Синтија Ериво.  Во Злобница, нераскажаната приказна за вештерките од Оз, игра добитничката на наградите Еми, Греми и Тони, Cynthia Erivo, (Harriet во броодвејската претстава The Color Purple), како Elphaba, млада жена, несфатена поради нејзината необична зелена кожа, која допрва треба да ја открие својата вистинска моќ, и добитничката на Греми, мулти-платинеста уметничка и глобална супер ѕвезда Аријана Гранде како Глинда, популарна млада жена, привилегирана и амбициозна, која допрва треба да го открие своето вистинско срце. По две децении, еден од најсаканите и најтрајни мјузикли на сцената, од есенва  на големиот екран како спектакуларен кинематографски настан кој ја дефинира генерацијата.

Историскиот спектакл „Гладијатор 2“ на Ридли Скот трета недела по ред пред велешани.  Откако неговиот дом е освоен од тиранските императори, Луциј е принуден да влезе во Колосеумот и да се соочи со своето минато за да ја врати изгубената слава на својот народ.Многу крв и многу анимации

Се прикажува и хорор трилерот „Еретик“ со Хју Грант. Две религиозни девојки влегуват во игра на мачка и глушец, во куќа на за нив непознат странец.Тој три  седмици е на врвот по гледаност во светот, меѓу десетте најгледани.
Се прикажува и анимираниот „Подлиот јас 4“ кој неколку месеци е на репертоарот на светските кина, поради големиот интерес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати