Стојан Илчевски кој го фати крстот на Водици, со другарите пред Прочка поделија 550 бесплатни оброци

Петар Печков

Повеќе од 500 оброци беа поделени на случајни минувачи, денес  сабота од Стојан Илчевски и другарите. Тој годинава го фати крстот на Водици и 40 дена co другарите ги посетуваа домовите на велешани носејќи го чесниот и животворен крст.

Оваа негова иницијатива беше  помогната од  неговиот брат Оливер и другарите Тодор и Виктор Колодезни, Мартин Ѓеорѓиевски и Димитар Петров. Одлучија дел од собраните средства да ги донираат за бесплатен оброк за сограѓаните.

„Обезбедивме 550 оброци, посен ручек, плус лепче и сок. Порциите ги делиме од дворот на црквата Св. Кирил и Методиј. Ручекот е за сите велешани без оглед на вера, религија, нација. Но и да и поттикнеме посебно кај младите да се организираат вакви акции за празниците. За некого ова е малку за друг тоа многу значи“ – рече Стојан.

Дел од бесплатниот ручек беше дистрибуиран и поделен на возрасни сограѓани кои живеат сами или за немоќни и болни сограѓани. 

Тој го сподели искуството како минал измиантите 40 дена при посетите на велешани. Сите без исклучок се израдувале, наишле на отворени врати без оглед на вера и нација . Имало домаќини каде со години не дошле  лицата кои го фатиле крстот на Водици. 

дел од фотографиите Повардарска епархија МПЦ -ОА

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати