Сe исчистија хаварисаните возила од јавните површини

Петар Печков

Изминатите месеци  на територијата на градот Велес, се реализираше акцијата ,,Чист град 2015,,. Таа  се однесуваше за отстранување на дотраени, хаварисани и нерегистрирани моторни возила, приколки и земјоделски машини, од јавните и сообраќани површини.

Се реализираше во две  фази. Во првата биле евидентирани 64 моторни возила, од нив 41 хаварисано,  23  без регистрација, една камп  приколка и 6 товарни  приколки.  Истите биле опоменати  и предупредени дека  согласно Законот  за јавна чистота, забрането  е оставање на хаварисани,  нерегистрирани  возила, приколки и камп приколки.  

По ова  деновиве е констатирано е дека на јавни површини останале три, едно хаварисано, едно нерегистрирано и една камп приколка.  

За сите возила кои што не се остранети се води постапка согласно законските надлежности на службите од Општина Велес и службите од СВР Велес. И по завршувањето на оваа акција ако биде забележано моторно возило кое е дотраено, хаварисано и нерегистрирано ќе се води постапка за негово отсранување.  Акцијата „Чист град„ 2015 година беше успешно спроведена и до сите граѓани благодарност за нивната соработка -  изјавија од локална  власт.  

Акцијата,,Чист град 2015, спроведена е од страна на стручните служби од Општина Велес – комунален инспектор, комунален редар и службите од СВР Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати