ТУШ си заминува од Велес

Петар Печков

Словенечката трговска марка ,,ТУШ,, заминува од Македонија а со тоа и нивниот маркет во Велес.  Освен во градов тие имаат свои продавници и во Штип и Куманово.

Неофицијално, веќе ги купила домашната компанија „Кит-го“,  од Штип која има синџир од 20-тина  маркети  низ Источна Македонија.

Со продажбата на трите продавници во Македонија, словенечката компанија дефинитивно се повлече од Балканот, иако во изминатите десетина години имаше свои филијали речиси во сите земји од поранешна Југославија.

Во дирекцијата на „Туш“ во Скопје потврдуваат дека компанијата заминува од Македонија, но дека процесот се' уште не е завршен, и покрај информациите дека купопродажниот договор бил потпишан уште пред новогодишните празници. Најавуваат дека откако ќе завршат со правните процедури, компанијата ќе излезе со официјално соопштение.

Претставници на „Кит-го“ веќе разговарале со вработените им потврдиле  дека тие наскоро доаѓаат. На сите вработени  им ветиле дека ќе ги здржат на работните места. Во текот на оваа седмица  ќе биле преземени сите  маркети, ќе го имаат истиот асортиман како и порано, но ребрендирањето ќе се спроведувало  етапно. 

По повлекувањето од Македонија, „Туш“ останува да работи само во Словенија, иако инвестираше и во трговски синџири во Хрватска, Србија и во Босна.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати