Технолошко-технички факултет Велес реализира научно-истражувачки проект за паметно земјоделие и храна со додадена вредност

Петар Печков

Технолошко-технички факултет Велес, при  Универзитет ,,Св.Климент Охридски” Битола, реализира  научно-истражувачки проект “Математички модели во машинско учење за паметно земјоделство и храна со додадена вредност”.  Тој е во областите Паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност и Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), како дел од Стратегијата за смарт специјализација во насока на дигитална и зелена транзиција. 

Финансиран  е од Министерството за образование и наука  во обласите кои се утврдени дека имаат висок иновациски, истражувачки и економски потенцијал. Главен истражувач во проектот е проф. д-р Весна Knights Продекан за наука и меѓународна соработка на ТТФ Велес.

„Целта на проектот е да се развие интелигентен систем кој комбинира машинско учење, математичко моделирање и агросензорски податоци за подобрување на земјоделското производство, паметно земјоделство и формулирање на храна со повисока додадена вредност. Преку современи математички модели во машинско учење да развие интегриран интелигентен систем кој во реално време ќе врши прецизно предвидување и оптимизирање на нутритивниот квалитет и принос на земојделските прехрамбени производи.Технолошко-технички факултет Велес продолжува да ги следи светските трендови во науката и иновативноста, активно дава придонес кон исполнување на целта на Министерството за образование и наука за квалитетна наука која носи резултати и има потенцијал да го забрза општествено-економскиот развој на државата“ – кажа деканката проф. д-р Везирка Јанкулоска. 

Проектот ќе се реализира 2 академски години,  со СМАРТ специјализацијата ќе се даде придонес кон глобалната наука, но и економскиот развој на државата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати