Тополите покрај Вардар после Стар мост се исечени по барање на граѓани, велат од ЈКП Дервен

Петар Печков

Дилемата за исечените тополи покрај реката Вардар, низводно од Стариот мост, која е присутна кај велешани, ја објаснуваат од ЈКП Дервен. На постаеното прашање зошто овие стебла се исечени, добиениот одговор дека е по барање на граѓаните, соседи на локацијата.  

„Како резултат на барање од страна на граѓани доставено до Комисијата за постапување со деградирани дрвја при Општина Велес, а поради тоа што неколку пати паднале гранки од дрвјата на ул. Браќа Капчеви врз возила, и имајќи во предвид дека овие дрвја се превисоки, стари, деградирани и опасни по околината, односно со цел да се спречи поголема материјална штета или повреда на минувачите, по Решение доставено од страна на Општина Велес, ЈКП Дервен отстрани шест  деградирани дрвја на наведената локација“ - одговорија  од ЈКП Дервен, на прашањето до ТрМр.

Дополнително објаснуваат и зошто повеќе денови исечените стебла не се отстранети.  

„Трупците ќе се отстрануваат постепено заради тешката пристапност на теренот и паркираните возила и согласно термините кога ќе располагаме со градежни машини кои се потребни за тие да се соберат и транспортираат“ - дополнија од ЈКП Дервен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати