Петар Печков
Објавено: недела, 18 мај 2025
На ЕП во кајак на диви воси, слалом во дисциплината К-1 настапија тројца македонски реперезентативци, сите велешани. Ангелче Петрушев веслаше во полуфиналето, меѓу 30 најдобири, го освои 25 место, не усепа да стигне до првите 12 , каде се решаваше за првакот. Тој немаше техничка грешка, но споро ја извесла патеката и имаше повеќе од 5 и пол секунди заостаток. Двајцата други репрезентативци, Стефан Рибарски беше 45-ти а Кристијан Смилев 58-ми, од 61 учесник. Првенството се одржа на Олимписката патека близу Париз. Во екипна конкуренција 3х1, Македонија го зазеде 13 место од 16 селекции, веслаа Петрушев, Рибарски и Смилев.
Фудбалерите на ФК Борец со победа се разделија од настапите во Втора лига, каде играа само една сезона. Славеа на домашен терен над ФК Охрид со 4:1 (0:0). Така во последните три натпреври велешани дадоа дури 7 гола, оти во 27 кола имаа ефикасност од скромни 15 гола. Првенството го завршија на 15 место од 16 екипи со минус 32 гола скор. На есен ќе играат во Трета лига. Таму се ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште и првакот на ОФС Велес ФК Тополка.
Во последното коло на Третата фудбалска лига ЈУг, ФК Превалец играше во Крушево со 8-мо пласираниот ФК Питу Гули. Превалчани победија со 1:2 (0:2). Првенството го завршуваат како втори вицепрваци на Третата лига Југ. „ФК Превалец бил, е и ќе биде синоним за одличен клуб во кој на високо ниво функционираат другарството, почитта и слогата меѓу сите фудбалери и членови на управата“ порачаа од клубот. ФК Башкими од Горно Јаболчиште беше слободен ова коло, тој остана на високото трето место со 45 бода. Првак е ФК Голео Коњари, екипа кое ќе игра во бараж за пласман во Втората лига.
Се одигра претпоследното 17 коло од општинската фудбалска лига. На промоцијата за третолигаш пораз за првакот ФК Тополка на домашен терен, загубија со 0:1 од ФК Врановци. Во втората средба играа ФК Бузлакова - Фк Младост.
ФК Тополка- ФК Врановци 0:1
ФК Бузалкова- ФК Младост 0:2
Слободни ФК Горски, ФК Форца нова, ФК Локомотива
1. ФК Тополка 13 10 1 2 29:12 31
2. ФК Локомотива 13 8 0 5 40:26 24
3. ФК Горски 12 7 3 2 28:20 24
4. ФК Врановци 12 4 3 5 23:33 15
5. ФК Младост 12 4 1 7 19:24 13
6. ФК Форца нова 11 3 1 7 17:25 10
7. ФК Бузалкова 11 2 1 8 15:32 7
Последно 18 коло следниот викенд
ФК Форца нова - ФК Горски
ФК Врановци - ФК Бузалкова
Слободни: ФК Тополка, ФК Локомотива, ФК Младост
Треба да се одигра и еден неодигран натпревар ФК Младост – ФК Форца нова. А има и еден нерегистиран натпревар ФК Бузалкова – ФК Тополка.
Четврок од 17 на Градски се игра финалето на Општинскиот Куп, играат ФК Младост –ФК Горски.