Петар Печков
Објавено: четврток, 18 декември 2025
Со премиерата на филмот Аватар: оган и пепел Киноверзум Велес ја привршува оваа филмска година. Најновиот филм на Џејмс Камерун, со кој киното пред три години започна да работи во Велес Аватар патот на водата, се затвора кругот на работа на оваа институција. Сигурни Вивер, Стефан Ланг се дел од актерската екипа, во третиот дел од франшизата Аватар. Семејството на Џејк и Нејтири се соочува со тага по смртта на Нетejам, додека се среќава со ново, агресивно племе На’ви – Народот на Пепелта, предводен од огнената Варанг, додека конфликтот на Пандора се засилува и се појавува нов морален фокус.
Четврток, понеделник и среда се прикажува македонскиот анимиран „Биби и Боби во светот на бајките“. Приказната е компилација од четири омилени и нови сказни: „Снежната кралица”, „Биби и вретеното”, „Биби и зрното грашок” и „Биби, Боби и волче (Трите прасиња)” која ги носи децата во незаборавна зимска авантура исполнета со новогодишни песнички, магија, хумор и поуки за пријателството и добрината. Гласовите ги позајмија: Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Никола Ристановски и Слаѓана Вујошевиќ.
На репертоарот втора недела е српската комедија „Враќањето нa династијата на Жика“ кој првата седмица имаше голема посетеност. Никола Којо му се враќа на ликот на Миша Павловиќ по повеќе од 30 години. На Миша во Србија му доаѓаат синовите кои долго не ги видел зашто живеат со Наташа во Москва. Кога пристигнуваат момчињата што ги носат имињата на своите прадедовци – Жика и Милан, започнува нова луда година полна со смеа, авантура, но и семејни вредности.
Недела и вторник се прикажува анимираниот филм на Дизни „Зоотропола 2“ кој за три седмици прикажување низ светот заработи над милјарда долари. Храбрата зајачка полицајка Џуди Хопс и нејзиниот пријател, лисицата Ник Вајлд, повторно се здружуваат за да откријат нов случај, најопасниот и најсложен во нивните кариери. Музиката во филмот е на Шакира.
фото 20th Century Studios
