Петар Печков
Објавено: четврток, 06 август 2026
Tретото авионско третирање против комарци за годинава, во Општина Велес ќе се изврши на 10 август 2026 година –понеделник, во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, истото ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, соопштија од Општина Велес.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, предупредуваат од локалната власт.
Третманот се врши со средство AKVA K–OTHRINE 2 EW, биоциден производ на производител BAYER ENVIRONMETAL SCIENCE SAS, од Франција, кој бил одобрен од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
