Три илјади садници засадени во околината на езеро Младост, од децата од градинките и нивните родители

Петар Печков

Децата од градинката „Димче Мирчев“ од Велес го пошумуваа опожарениот дел на околината на езеро Младост. Заедно со нивните родители и воспитувачки беа засадени три илјади садници зимзелени дрвца. Настанот е под мотото „Засади дрвце, засади радост” организиран so  Спортската академија Јуниор.  

„Имавме отворен повик за сите деца од градинката, се одѕваа од сите возрасти, па дури и од јаслите. Разбирливо  тие беа донесени од родителите и покажаа голема свест за екологијата и животната средина. Дечињата со насмевки на лицата научија за значењето на дрвјата преку сопствено искуство. Беше убава дружба си природата а децата со многу љубов и ги засадија садниците за да се создаде ,,Нашата волшебна шума” – кажа директорката Наташа Јанушева. 

Засадувањето беше организирано по втор пат.  Зимзелените садници беа обезедени од градинките а садници јасен од ЈП Македонски шуми – ПЕ Бабуна Велес. Тие го   подготвија теренот за засадување заедно со  вработените во   и ЈКП Дервен.  

фото ФБ Детски градинки

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати